Насловна / Вести / Водата во поплавените региони може да се пие

Водата во поплавените региони може да се пие

Водата за пиење од водоводната мрежа во поплавените подрачја во скопскиот регион е исправна за пиење потврдуваат од Институтот за јавно здравје по направените лабораториски испитувања.вода за пиење

Жителите од населбите Ченто, Сингелиќ – Економија, Сингелиќ, Црешево, Стајковци и Смилковци може да ја пијат водата.

„Се уште нема вода во Арачиново, поради ниската кота на местото кај Белви и мора внимателност“, вели проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје.

На терен и Центарот за јавно здравје почна со дезинфекција во поплавените подрачја каде е исчистено од кал и површините се суви.

Професор Кочубовски апелираше до жителите и до сите оние кои работат на чистење на терен, да бидат внимателни да користат ракавици, чизми, заштитни маски.

„Најдобро е белеење со вар, најдобра дезинфекција, секако од како ќе се исчисти од кал и ќе се исуши. Сите работи кои не можат да се исчистат, да се фрлат“, порача проф. д-р Михаил Кочубовски.

Им препорача на жителите доколу имаат дијареја и повраќање да отидат на лекар, а да избегнуваат јадење зеленчук и загадена храна од поплавените подрачја.

Засега нема пријавени на заразни и други заболувања, објаснија од Институт.

Од центарот за јавно здравје објаснија дека на терен ќе се врши и прскање против комарци

Испрати коментар

Scroll To Top