Насловна / Арт и дизајн / Во Валандово се поставува скулптурна инсталација Калинка

Во Валандово се поставува скулптурна инсталација Калинка

Во централниот дел на Валандово се поставува просторно скулптурна инсталација Калинка, која е дело на македонскиот уметник Љубиша Камењаров.

Проектот е во продукција на Центарот за Современи Уметности (САС) – Скопје и истиот има за цел врз база на локалниот контекст да ја претстави културолошката вредност на калинката за нашата заедница.

„Симболите што обединуваат како зрнцата од внатрешноста на калинката се наши симболи кои ги истакнуваме и негуваме, постојано. Го славиме пријателството, сплотени сме во желбата за прогрес и заедно победуваме“, велат од САС.

ka_resize

Испрати коментар

Scroll To Top