Насловна / Вести / Во Турција претставена еколошка супер јахта

Во Турција претставена еколошка супер јахта

Турската компанија Red Yacht Design го представи прототипот на еколошка супер јахта долга 65 метри. Елегантниот луксузен брод  содржи базен, хелидром и сопствен брод за поддршка кој може да ги превезува  патниците  во истражувачки мисии. Исто така поседува и сместување за 10 луѓе, бар на отворено и многу сферни затворени прозори кои овозможуваат продирање на природна светлина. Јахтата има еколошки мотор кој развива брзина од околу 35 km/h. Цената ан оваа јахта како и датумот за излегување на пазарот сеуште не се објавени, но с еочекува тоа да биде во текот на годината.

“Главната цел со овој дизајн ни беше фокусот на природната светлина, и припаѓањето на морето и природата“, велат од компанијата Red Yacht Design. Јахтата има 475 квадратни метри отворен простор.  Се користат исклучиво “зелени“ технологии, а трупот има исклучително мазна површина со цел намалување на отпорите и потрошувачката на енергија.

redyacht1

redyacht2

redyacht3

redyacht4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top