Насловна / Вести / Во текот на продолжениот викенд казнети 109 возачи во Скопје

Во текот на продолжениот викенд казнети 109 возачи во Скопје

Во текот на продолжениот викенд (06,07,08 и 09 септември) на подрачјето на Скопје, сообраќајната полиција казнила 109 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, јавува Макфакс.
Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 76 возачи од кои: 53 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и осум возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи.

ск2
Од сообраќај биле исклучени и 65 нерегистрирани возила.
Поради поминување на крстосница на црвено светло биле санкционирани 13 возачи, а четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци.
Во однос на пешаците, во текот на продолжениот викенд, санкционирани биле двајца пешаци поради преминување улица вон пешачки премин.

ск1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top