Насловна / Вести / Во супермаркет по електричен автомобил?!

Во супермаркет по електричен автомобил?!

Кинеска недела во германскиот Lidl – во понуда е електричен автомобил по поволна цена. Lidl има обичај да нуди и автомобили на своите купувачи, а тоа посебно се однесува на германскиот пазар. Сега во ланецот на супермаркети во Германија може да се изнајми и кинески електричен автомобил Elaris Finn, и тоа за месечна рата од 222 евра.  Неговата цена е 20.330 евра. Полнењето е бесплатно. Lidl беше еден од првите супермаркети кои понуди бесплатни полначи за купувачите во Германија.

лидл3

Што се однесува до моделот  Elaris Finn, станува збор за електричен автомобил кој е изведен од кинескиот модел Zotye Zhim E30. Должината на возилото е само 2,87 метри и има две седишта. Електромоторот има 48 hp што е доволно за максимална брзина од 115 km/h. Батеријата има капацитет од 32 kWh, а автономијата во возењето изнесува до 200 километри. Полнењето трае еден час на DC полнач со моќност од 30 kW, додека на домашна приклучница батеријата се полни за 5 часа.

лидл4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top