Насловна / Вести / Орбитерот Mars Express испрати фотографии од кањон од Црвената планета

Орбитерот Mars Express испрати фотографии од кањон од Црвената планета

Орбитерот Mars Express, кој му припаѓа на Европската вселенска агенција (ESA) испрати прексрасни фотографии од Марс. Mars Express кружи околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии на големата рамница Utopia Planitia, која се наоѓа во најголемиот познат ударен базен на северната хемисфера на Црвената планета. Оваа рамница е двојно поголема од пустината Сахара и главно е прекриена со мраз. Меѓутоа, сега стигнаа и нови фотографии кои се исто така импресивни. Тие покажуваат две пукнатини во кората на Марс кои формираат дел од моќниот систем на кањони Valles Marineris. Го споредуваат со „Големиот кањон“ во САД, но овој од Марс е многу поголем. Долг е 4.000 километри, широк 200, а длабок 7 километри.

marskanjon1

marskanjon2

Фотографиите се испратени во различни бои и нијансси кои веродостојно ги прикажуваат различните карактеристики на богатата површина на оваа планета.

marskanjon3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top