Насловна / Вести / Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица и ќе гради своја

Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица и ќе гради своја

Русија ќе се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS) после 2024 година и има намера да изгради сопствена вселенска станица. Новиот шеф на „Роскосмос“ Јури Борисов, рекол дека Русија ќе ги исполни сите свои обврски кон партнерите кои се однесуваат на проектот ISS, но дека одлуката за повлекување по споменатиот рок е веќе донесена. Тој исто така рекол дека дотогаш Русија ќе започне да ја гради својата орбитална станица.

ross1

Според неговата визија, летовите на космонаутите во вселената би требало да бидат дел од систематската научна програма, така што секоја мисија би и обезбедила на Русија нови сознанија. Тој истакнал дека напорите ISS да се задржи во орбитата веќе не се исплатливи за Русија поради моменталната геополитичка ситуација.

ross2

ISS е  лансирана во 1998 година како заеднички проект на руската, американската, јапонската, канадската и европската вселенска агенција, а поделена е на американски и руски дел. „Роскосмос“ претходно ги објави скиците на својата идна вселенска станица под името ROSS (Russian Orbital Service Station), а планирано е станицата да биде автоматизирана додека космонаутите би доаѓале поради сервисирање и замена на опрема. ROSS се состои од четири модули и платформи за одржување на леталата, а дизајниран е да прими две до четири лица во екипажот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top