Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Струмичко помасовно се користи енергијата од сонцето

Во Струмичко помасовно се користи енергијата од сонцето

paneli_montaza_1195x800Во Струмичко почнува масовно да се користи соларната енергија во индивидуалните и комерцијалните објекти. Според очекувањата, над 70 отсто можат да изнесуваат заштедите со користењето на овој вид на обновлива енергија, а основното училиште „Сандо Масев“ од Струмица е меѓу првите во државата што има вградено ваков систем за обезбедување на енергија. По шест месеци од поставувањето, заштедите се евидентни. Во покривот на зградата се монтирани 78 соларни панели, а во просториите на училиштето е сместена опрема за трансформација и дистрибуција на електричната енергија.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој е еден од учесниците во проектот за ефикасно користење на соларната енергија, велат дека свеста кај граѓаните за користење на таков вид енергија е сè уште на ниско ниво, но додаваат дека преку едукација ќе настојуваат да ја подигнат.

Испрати коментар

Scroll To Top