Насловна / Архитектура / Простор кој го одржува убавото расположение

Простор кој го одржува убавото расположение

01-plazma-kukumuku

Ресторанот Kukumuku е проект на Plazma Architecture Studio, лоциран во центарот на градот Вилнус, Литванија, а е наменет за фамилии со деца. Идејата дошла од фактот што многу ретко јавните простори се наменети за потребите на најмладите членови. Ова е причината зашто низ целиот процес на дизајн на ресторанот Kukumuku е посветено целосно внимание на тоа што сакаaт децата.

Можеме да се согласиме дека најважен елемент во креирањето на простори за деца е осветлувањето, односно топлата и позитивна атмосфера. Осветлувањето е дизајнирано со цел да опфати два многу важни елементи: како прво, декоративните лустери кои се со облик на мали куќички кои висат од плафонот и кои се дизајнирани ексклузивно за овој проект, и второ, внимателно избалансираните функционални светла. Исто така и палетата на бои е одбрана да го претвори целото опкружување во катче за игра, така што децата ќе бидат оние што доминираат со нивниот темперамент и активности. Друг елемент во целата атмосфера е уникатното ремек-дело на задниот ѕид, на кој се претставуваат апстрактни графички дизајни и светлосни ефекти, и на тој начин ја будат љубопитноста и креативноста кај децата, но и кај возрасните. Сите овие карактеристики помагаат константно да се одржи убавото расположение.

08-plazma-kukumuku 07-plazma-kukumuku 06-plazma-kukumuku 05-plazma-kukumuku 04-plazma-kukumuku 03-plazma-kukumuku 02-plazma-kukumuku

09-plazma-kukumuku

Испрати коментар

Scroll To Top