Насловна / Арт и дизајн / Во Сингапур никна необичен хотел

Во Сингапур никна необичен хотел

Во градот на облакодерите, Сингапур, никна уште еден. Станува збор за новиот необичен хотел Oasia Downtown, кој во својата надворешност и структура изобилува со зеленило. Висок е околу 190 метри, има четири кровни тераси, како и раскошни богати градини на отворено.hotel-vo-singapur-3

Целиот проект е дело на сингапурското архитектонско студио WOHA. Тие одбрале ефектна црвена мрежеста обвивка во функција на фасада, направена од алуминиум, која воедно е одличен контраст со зелениот момент.hotel-vo-singapur-1

На овој начин, во деловната сингапурска зона е внесено потребното освежување во контекст на природата, колку што било можно, па во целиот облакодер се наоѓаат и неколку уникатни растителни видови. Така, гостите на хотелот наместо во климатизирани простории ќе можат да се разладат во ладовината на прекрасните градини кои изгледаат како зелени оази.hotel-vo-singapur-2 hotel-vo-singapur-4 hotel-vo-singapur-5 hotel-vo-singapur-6 hotel-vo-singapur-1

Испрати коментар

Scroll To Top