Насловна / Вести / Индија без нови термоцентрали на јаглен по 2022 година?!

Индија без нови термоцентрали на јаглен по 2022 година?!

indija-elektricestvo-karta

Ако им се верува на најновите проекции на индиската влада, Индија по 2022 година нема намера да гради нови термоцентрали на јаглен. Според извештаите на медиумите, министерството за енергетика побарало средства за изградба на 72 GW моќност од  конвенционални капацитети во периодот 2017 – 2022 година. Министерството, исто така, го откри планот за изградба на 115 GW моќност во обновливи капацитети во истиот период, главно соларни централи. Споменатите 72 GW конвенционални капацитети вклучуваат 50 025 МW термоцентрали на јаглен, 4 340 МW термоцентрали на природен гас, 15 330 МW големи хидроцентрали и 2 800 МW во нуклеарни централи.

indija-siromastvo

За периодот 2022 – 2027 година плановите се поинакви: дополнителни 12 000 МW големи хидроцентрали, 4 800 МW нуклеарни централи и 100 000 МW од обновливи извори. Доколку министерството за енергија го оствари овој план, тоа ќе биде револуција во земја како Индија, каде стотина милиони се уште живеат без електрична енергија. Целта на сегашната влада е до 2019 година да обезбеди електрична енергија за сите домаќинства. Централното регулаторно тело за енергетика очекува големите капацитети кои користат јаглен како гориво да бидат вишок по 2022 година. Вкупната искористеност на овие капацитети би била само 46%, а причината за таквата состојба би била намалената потрошувачка на електрична енергија поради имплементација на низа мерки за енергетска ефикасност.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top