Насловна / Вести / Во Шведска прва ветерна турбина од ламинирано дрво

Во Шведска прва ветерна турбина од ламинирано дрво

Компанијата Modvion, на островот  Björkö покрај Гетеборг ја подигна првата ветерна турбина во Шведска од ламинирано дрво. Височината на столбот на овој агрегат кој ќе служи само за истражувачки цели е 30 метри. Во оваа компанија истакнуваат дека дрвената конструкција е подеднакво цврста и стабилна како челична. „Ова е голем чекор кој го трасира патот кон следната генерација на ветерни агрегати. Ламинираното дрво е поцврсто од челик, а градбата на ветро агрегатите со дрвени модули им овозможува да бидат и поголеми од челичните“ вели Ото Лундман, претседател на управата на Modvion, додавајќи дека со користењето на дрвото во градбата на ветро агрегатите се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид во производството. Во изработката на дрвената конструкција учествувала и шведската компанија  Moelven, која уште од 1919 година произведува панел плочи. Modvion очекува дека комерцијалната прмена на дрвените ветро агрегати ќе стартува веќе во 2022 година.

laminwood1

lamwood2

lamwood4

lamwood5

 

Испрати коментар

Scroll To Top