Насловна / Вести / Во Општина Центар паркирање во рамки на сопствена градежна парцела!?

Во Општина Центар паркирање во рамки на сопствена градежна парцела!?

На седницата на Советот на Општина Центар беше и предлог точката на дневен ред по барање на жителите на Дебар Маало, предлог-препорака за регулирање на паркирањето на јавните површини – тротоари на улицата Орце Николов, на потегот од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Свети Климент Охридски.

На овој потег паркирањето е регулирано, уредно обележано и се наплатува, но на тротоари.

22

Советниците од мнозинството кое е од СДСМ гласаа против оваа точка да се стави на дневен ред со образложение дека тогаш жителите на Дебар Маало ќе немаат кај да ги паркираат своите возила.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели „Ние не сме против ваквата одлука, но проблемот треба да се реши системски, не може одеднаш. Забраната за паркирање на тротоари на улицата Орце Николов нема да го реши проблемот туку ќе го префрли на друго место. Не се отфрла идејата туку потребно е правилно да се разработи. Ќе формираме работна група со цел да се направи квалитетна одлука која ќе донесе вистинско решение“.

Градоначаникот Богдановиќ додава дека проблемот со узурпираните тротоари е проблем кој го наследиле поради непланската градба во Дебар Маало. Сепак, тврди дека полека ќе се ослободат тротоарите така што ќе се обезбеди место и за паркирање на  жителите и за движење на пешаците.

23

„Работиме на тоа возилата на фирмите кои имаат налепници за паркирање на зонските паркиралишта, да ги префрлиме во катните гаражи и со тоа ќе се растовари метежот“, додава Богдановиќ.

Засега останува да видиме дали мораториумот на ДУП-овите ќе донесе нови квалитетни урбанистички решенија кои ќе успеат да го решат проблемот со паркирање и на посетителите на овој дел од градот и наследениот проблем за паркирање на жителите во релативно новите објекти.

25

Објекти кои имаат Одобренија за градење, што би требало да значи дека и ги исполнуваат стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, паркирање во рамки на сопствена градежна парцела. Овој стандард се однесува и за становање и за деловни дејности кои голем дел се сместени во станови за што исто така морале да добијат дозвола за пренамена на просторот. Останува и да се види колку сопственици на станови или фирми паркираат вон својата градежна парцела и да се почека како што вели Градоначалникот системското решение.

24

Испрати коментар

Scroll To Top