Насловна / Вести / Во Норвешка на траектите нема да се превезуваат електрични возила

Во Норвешка на траектите нема да се превезуваат електрични возила

Норвешката бродска компанија „Havila Krystruten“ е една од двете компании што пловат меѓу градовите Бреген и Киеркенес. Покрај превоз на патници и стока, овој голем брод-траект превезува и возила.

Како што се наведува во официјалното соопштение од компанијата, на траектите повеќе нема да има превоз на електрични возила од безбедносни причини. Ќе се превезуваат само возила со мотори со внатрешно согорување. Одлуката е донесена по анализа на ризиците за безбедноста на патниците.

нор1

Стравот од пожари на бродови е зголемен по неодамнешниот инцидент во Атлантикот кога на бродот „Felicity Ace“ изби пожар. Тој брод превезувал автомобили со батерии, за кои постои сомневање дека го предизвикале пожарот.

„Забраната следи по безбедносните проценки, а извештајот за анализа на ризици покажува дека нашите системи и екипаж ќе можат да се справат со евентуален пожар на возила со фосилни горива. За можни пожари на електрични, хибридни возила ќе биде потребна поддршка од копно или вон бродот. Сето ова може да ги загрози човечките животи“, изјави Бент Мартини, генерален директор на компанијата.

нор

Во Норвешка, која е и најголемиот купувач на електрични возила во светот, оваа одлука донесе проблеми. Од бродската компанија наведуваат дека транспортот на возила е многу важен, па во наредниот период ќе истражуваат начини и можности како да се намали ризикот на транспорт на електрични возила.

Испрати коментар

Scroll To Top