Насловна / Архитектура / Во луксузната вила на Наоми Кемпбел во Кенија (ВИДЕО)

Во луксузната вила на Наоми Кемпбел во Кенија (ВИДЕО)

Една од најпознатите манекенки во историјата ги отвори вратите на нејзината зачудувачка празнична вила и детално ја претстави пред камерите на магазинот „Architectural Digest“.

Naomi

Местото Малинди го освои срцето на Наоми Кемпбел додека таа беше на врвот на својата слава, откако го посети овој мирен крајбрежен град во Кенија пред 20 години. Потоа купи вила која веќе две децении ја користеа за одмор и бегство од бурниот живот на релација Њујорк – Лондон.

“Тоа е многу смирувачко место. Не сакате да бидете на телефон и не сакате да најдете телевизор. Вие само сакате да читате и да бидете сами. Убаво е да имате само тишина и штурци”, опишува 50- годишната Наоми.

Покрај тоа што детално го претстави секој агол од нејзината омилена вила за одмор, поранешната манекенка откри и кога ова место во Кенија е особено како од бајките.

“Прекрасно е да се оди во јули. Сите животни преминуваат од Кенија во Танзанија и гледате сè. Неверојатно е. Се чини дека National Geographic оживува пред вас”, вели Наоми.

А, како изгледа тој бајковит агол, можете да видите на видеото што следи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top