Насловна / Арт и дизајн / Во Лондон се отвора третата „Гагосијан“ галерија

Во Лондон се отвора третата „Гагосијан“ галерија

gagosijan london

Во октомври оваа година, во Лондон се отвора 15-та во светот, а трета во главниот град на Велика Британија, галерија „Гагосијан“.

Еден од највлијателните луѓе во современата уметност Лари Гагосијан не запира со своето уметничко дејствување и одлучи да отвори уште еден галериски простор во Лондон.

gagosijan london (2)

Галеријата ќе се отвори со изложба на големиот американски уметник Cај Твомбли, кој веќе традиционално ги отвора новите „Гагосијан“ галериски простори.

Посетителите ќе добијат шанса да ги видат монументалните платна и експресионистички дела на овој реномиран мајстор на 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Новиот член на семејството „Гагосијан“ ќе се простира на 18.000 квадратни метри во центарот на Лондон, на Гросвенор Хил.

Испрати коментар

Scroll To Top