Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Лондон отворен најголемиот соларен мост во светот

Во Лондон отворен најголемиот соларен мост во светот

SOLARCENTURY-BLACKFRIARS-BRIDGE
Централаната железничка станица Blackfriars во Лондон е сопственик на најголемиот соларен мост на светот. Мостот содржи 4400 фотоволтаични модули, а проектот е заедничка инвестиција на Англиската железничка мрежа и компанијата Solarcentury. На овој начин се обезбедува над 50% од енергијата потребна за работењето на станицата.

Мостот се протега преку реката Темза, а преку него секојдневно се превезуваат илјадници луѓе. Се проценува дека ваквото решение ќе овозможи намалување на емисијата на стакленички гасови за 511 тони годишно, а мостот значително ќе придонесе за одржливоста на градот, и ќе ги поттикне граѓаните повеќе да размислуваат за обновливите извори на енергија.

извор: Huffington post

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top