Насловна / Вести / Во Копенхаген бројот на велосипеди е поголем од бројот на автомобили

Во Копенхаген бројот на велосипеди е поголем од бројот на автомобили

Едно ново проучување покажало дека во Копенхаген бројот на велосипеди во градот е веќе поголем од бројот на автомобили. Градските власти имаат поставено над 20 сензори во централното подрачје кои ги пребројуваат велосипедите и кои изброиле дека во Копенхаген се возат 265.700 велосипеди, што го надминува бројот на автомобили кои изнесува 253.600.danska-velosiped_3

Следењето на велосипедскиот сообраќај преку овие електрични сензори е само еден од аспектите на работењето на локалните власти за зголемување на употребата на велосипед во градот, кои се чини дека даваат резултат. Податоците покажуваат дека употребата на велосипеди е зголемена за 68% во последните 20 години.danska-velosiped_2

Локалните власти на Копенхаген инвестирале околу 143 милиони евра од 2005 година наваму, само во поддршка на употребата на велосипеди во градска средина, со цел да го зголемат бројот на луѓе кои ќе го претпочитаат транспортот на две тркала.danska-velosiped_1

Додека велосипедскиот сообраќај продолжува да се зголемува, со раст од 15% за само една година, движењето на автомобили бавно се намалува, со околу 1% годишно.

Испрати коментар

Scroll To Top