Насловна / Архитектура / Велнес центар во Италија е дом на еден од најневеројатните базени на сите времиња

Велнес центар во Италија е дом на еден од најневеројатните базени на сите времиња

Овој базен долг 25 метри, е ремек-дело на архитектурата и е право чудо, бидејќи се наоѓа на 12 метри висина и има стаклено дно. Базенот е дел од хотелот Hubertus, кој е инаку многу возбудлива и популарна дестинација за скијачите, а се наоѓа во Јужен Тирол.

Базенот има извонреден поглед на планинскиот венец на Доломити, а e дело на архитектонското студио Noa и содржи слатка вода.neverojaten-bazen_10

Неговите страни се направени од стаклeни панели, како и дното, а со тоа и не е наменет за оние што страдаат од вртоглавица или страв од височини.neverojaten-bazen_09

Архитектот Лукас Рунгер од студиото изјави: „Кога го дизајниравме овој базен, имавме цел да ги замаглиме физичките и да креираме елемент кој се преплетува со пејзажот, ги рефлектира облаците и го врамува панорамскиот поглед“.neverojaten-bazen_08

Стаклениот преден дел на базенот успешно ги поништува неговите граници и границите на пејзажот, создавајќи надреално чувство за пливачите. Ова чувство дополнително е зајакнато со антрацитните страни на базенот, кои се во нијанса со опкружувањето во коешто се наоѓа базенот.neverojaten-bazen_07

Оние што се храбри сигурно ќе посакаат да пливаат барем еден круг во базенот, а за другите, хотелот Hubertus нуди неколку апартмани и соби, кои нема да ви обезбедат чувство на вртоглавица.neverojaten-bazen_06 neverojaten-bazen_05 neverojaten-bazen_04 neverojaten-bazen_03 neverojaten-bazen_02 neverojaten-bazen_01 neverojaten-bazen

Испрати коментар

Scroll To Top