Насловна / Архитектура / Во Комората презентација на Алуконигштал Schüco

Во Комората презентација на Алуконигштал Schüco

На 31. мај 2023 година во 13:00 часот, во просториите на Комората ќе се одржи презентација на Алуконигштал Schüco.

Презентацијата ќе биде поврзана со саемот BAU 2023 кој беше посветен на петте водечки теми: „Предизвици кои произлегуваат од климатските промени“, „Иднината на домувањето“, „Ресурси и рециклирање“, „Дигитална трансформација“, „Модуларна монтажна конструкција“.

BAU 2023 – водечкиот светски саем за архитектура, градежни материјали и системи, се врати во Минхен за прв пат од 2019 година. Фокусот годинава беше ставен на можностите за реализирање на климатска градба, ориентирана кон иднината. Изложбата се одржа од 17 до 22 април во Минхен, Германија.

сс

Презентацијата ќе ја спроведе Ивана Цимешиќ, Магистер по архитектура во Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија – „УАСГ”, Софија. Од 2018 година е дел од македонското претставништво на интернационалната фирма АЛУКОНИГШТАЛ, насочена кон модерните тенденции на фасадните конструкции.

Учесниците ќе се здобијат со сертификати за присуство и по завршување на презентацијата следува пригоден коктел.

Информации за настанот:

Дата и час: 31. мај 2023 година, во 13 часот

Место на настанот: Сала за конференции во Комора ОАИ

Број на слободни места: 70

ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората >

ком

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top