Насловна / Градежништво / Во Кисела Вода реконструкција на оштетените тротоари

Во Кисела Вода реконструкција на оштетените тротоари

rekonstrukcija na trotoari
Во општина Кисела Вода во тек е акција за реконструкција на тротоарите на сервисните улици. Екипи на фирмата „Пелагонија А.Д. Гостивар“, која го доби тендерот за изградба и реконструкција на патеки, тротоари, скверови, паркинзи и улици со павер-елементи, во моментов работат на обнова на тротоарите на улицата „Франк Харкорт Манинг” во населбата Кисела Вода.

Станува збор за фреквентна улица која се протега на потегот меѓу улиците „Христо Татарчев” и „Ѓорѓи Димитров”, која секојдневно ја користат голем број жители на населбата и општината Кисела Вода.

Проектот е вреден околу 1.900.000 денари и доколку временските услови дозволат, се очекува да биде завршен до крајот на месецов.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top