Насловна / Вести / Во Кина е тестиран автобусот Тransit Elevated Bus

Во Кина е тестиран автобусот Тransit Elevated Bus

Во Кина е тестиран автобусот Тransit Elevated Bus (TEB), чија конструкција овозможува под него да поминува друго превозно возило.

Тестирањето на возилото од иднината се одржало во градот Qinhuangdao во провинцијата Хебеи.teb1

Должината на автобусот е 22 метри, ширината 7,8 метри, а висината 4,8, додека истиот може да прими 1.200 патници. Автобусот е конструиран така да може да се движи на две поткрепи на краевите, за кои на патот се поставени специјални шини.

Ширината на автобусот ќе овозможи под него да поминуваат две линии друмски сообраќај, со што нема да се создава гужва на патиштата.transit-elevated-bus

ТЕB го имаше првото пробно возење на стаза долга 300 метри. Во него немало патници, а слабата брзина ги разочарала присутните гледачи во градот на северот од Кина.

Во завршната фаза, ТЕB би требало повеќе да личи на трамвај, отколку на автобус, затоа што се планирани три или четири такви возила во една композиција.teb

Испрати коментар

Scroll To Top