Насловна / Вести / Во Карпош 1 и Карпош 2 ќе се воведе зонско паркирање

Во Карпош 1 и Карпош 2 ќе се воведе зонско паркирање

Општина Карпош ги информира граѓаните дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија на Карпош 1 и Карпош 2.

Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие делови од општината.

20240201_153344

Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците.

Притоа, право на паркирање на зона Д42 ќе имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, по цена од 0 денари за две возила на станарите, а поднесувањето на Барања за нивно евидентирање во системот ќе се одвива етапно, согласно динамиката на означување на улиците, за што ќе бидат дополнително известени, информираат од Општина Карпош.

20240201_153352

Испрати коментар

Scroll To Top