Насловна / Вести / Во Холандија отворен првиот супермаркет без пластика

Во Холандија отворен првиот супермаркет без пластика

Европската Комисија донесе одлука да ја исфрли целокупната пластична амбалажа од продажните ланци до 2030 година. Според извештајот подготвен од неколку групи за заштита на животната средина годишно се произведуваат над 300 милиони тони пластика, а од тоа се рециклираат само 10%, додека 8 милиони тони завршуваат во океаните.  Европа е одговорна за призводство на 25 милиони тони. Овие загришувачки бројки укажуваат на растечкиот проблем на загадувањето со пластичниот отпад.

Затоа, Европската Комисија смисли нова стратегија во борбата против пластичниот отпад, за да се осигура дека целокупната амбалажа во супермаркетите ќе биде биоразградлива и рециклабилна. Овој проект ќе биде во целост имплементиран до 2030 година.

Од овие причини, во Амстердам веќе е отворен првиот супермаркет со оддел кој во целост е без пластика, и кој нуди над 700 производи спакувани токму во биоразградливи материјали.  Оваа иницијатива е резултат на соработката на Екоплац, холандскиот ланец на продавници за органска храна, и организацијата за заштита на животната средина Пластична планета. Нивната цел е да го елиминираат во целост пластичното пакување од сите 74 продавници во овој ланец до крајот на 2018 година.

plastic free 3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top