Насловна / Вести / Во ХЕС „Црн Дрим“ веќе е остварен годишниот план за производство

Во ХЕС „Црн Дрим“ веќе е остварен годишниот план за производство

Како резултат на исклучително поволната хидрологија, како и подготвеноста на електромашинската опрема во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ и „Глобочица“, веќе е реалзиран годишниот план за производство на електрична енергија.

Во двете електрани за пет месеци произведени се вкупно 364 милиони киловат часови електрична енергија, што значи 100% исполнување на усвоениот електроенергетски биланс за годинава. Притоа, во акумулација ХЕ „Шпиље“ има резерва за производство на 42 милиони киловат часови додека во акумулацијата ХЕ „Глобочица“ со Охридско Езеро 75 за милиони киловат часови електрична енергија.

Како резултат на позитивните показатели се очекува годинава ХЕС „Црн Дрим“ да оствари рекордно производство на електрична енергија.

Crn Drim 2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top