Насловна / Архитектура / Модерна градба со „зелени“ стандарди

Модерна градба со „зелени“ стандарди

Новиот Fort McMurray аеродром е дизајниран да создаде еден релевантен и значаен портал за посетителите и жителите на регионалната општина Wood Buffalo во северна Алберта. Регионот се карактеризира со спектакуларна географија и природна убавина, вклучувајќи ги бореалната шума, прериите и северните соларни светлини Аурора Бореалис. Сезонските температури на регионот се движат од минус 40 во зима до плус 30 Целзиусови степени во летните периоди. Највпечатлив дел од оваа градба е секако кровот кој целосно е направен со вкрстено ламелирани плочи (ВЛП) од дрво и оваа конструкција претставува една од најголемите со влп на северно американскиот континент. Аеродромот е проектиран да ги искористи термалните квалитети на дрвото и да одговори на студените северни зими. Далечната локација, лимитираната работна сила и големите сезонски промени, исто така се дел до целосната проектна задача и биле обработувани од проектантското биро McFarlane – Biggar Architects + designers, уште во почетниот идеен проект. Овие параметри биле додадени на желбата да се изгради објект кој ги достигнува најстрогите стандарди за „зелена“ градба.

Enterier 1 (1)_resize

Објектот има три спрата кои се протегаат на 15.000 m2, обезбедува безбеден и брз транспорт на патниците и поседува дел за пријавување, најсовремен безбедносен скрининг систем, домашни и интернационални летови, како и работни канцеларии за вработените на аеродромот. Аеродромот е дел од еден поширок развоен план за регионот како резултат на порастот на бројот на жители, каде има такси станица, приклучни патишта, аеродромски хотел и други содржини. Проектантското биро McFarlane – Biggar Architects + designers предлага концепт за аеродром со отворени и експанзивни површини што не е својствено за аеродроми од ваков тип. Преку големите фасадни прозори, од надвор, може да се види екстензивната употреба на дрво на таванот. Ламелирани дрвени греди ги поткрепуваат големите ВЛП плочи кои се протегаат по целата должина на објектот. Најчести дрвни видови за ваков вид на плочи се смрчата, борот и елата. Во овој проект се употреуваат сите три видови слепени во супер конструктивни елементи со високи естетски квалитети.

Enterier 2_resize

Дизајнот на  покривот дозволува да се инсталираат прскалки за противпожарна заштита во малите процепи помеѓу плочите. Овој дизајн ги акцентира јасните архитектонски линии и го минимизира визуелниот неред во просторот. Панели за абсорпција на звукот се дискретно поставени под перфорирана дрвена облога од даб, кои дополнително го збогатуваат просторот.

Enterier 3_resize

Надворешните ѕидови се специјално проектирани со повеќеслојна дебела изолација за да ја издржи долгата и студена зима и да се намалат загубите на топлина од ентериерот. Објектот се карактеризира со неколку одржливи елементи, како на пример, подно греење, пасивна вентилација за ладење, повраток на дел од топлината назад во внатрешноста преку свежиот воздух и високи прозори за влез на сончева енергија за греење и светлина.

Enterier 4_resize

Употребата на дрво како конструктивен материјал исто така има значајни еколошки и термални предности во однос на челикот. Бидејќи ВЛП плочите се кроени и обработени на точни димензии, конструктивните врски се вклопуваат со висока точност со што се добива подобра енергетска ефикасност.

Enterier 5_resize

За произвоство на кровната конструкција се употребени приближно 635.000 килограми  дрво кое е обезбедено од пошумени предели на Британска Колумбија. Употребата на дрво исклучиво од сертифицирани шуми, исто така го намалува негативното влијание врз животната средина.

Enterier 6_resize

Enterier 7_resize

Fasada 1_resize

Fasada 2_resize

Fasada 4_resize

Panorama_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top