Насловна / Вести / Во Европа во 2021 година отстранети над 200 брани

Во Европа во 2021 година отстранети над 200 брани

Според годишниот извештај на Dam Removal Europe (DRE), во текот на 2021 година, во 17 европски земји се отстранети рекорден број од вкупно 239 брани на реките. Предничи Шпанија, каде се отстранети 108.  Еколошката коалиција DRE истакнува дека 76% од отстранетите речни бариери биле со мали димезии, додека останатите биле со височина од над два метри.  Најголемата брана која е отстранета минатата година била висока 13 метри и се наоѓала во Шпанија. Оваа земја продолжува да ги отстранува бариерите на реките побрзо од сите останати. Португалија, Црна Гора и Словачка во текот ан минатата година по прв пат отстраниле брана на своите водотеци. Првата брана во регионот на Западен Балкан е отстранета во Црна Гора во октомври 2021 година, заради подобрување на еколошкиот статус на реката Везишнца. Со тоа, оваа река во целост е вратена во природен и слободен тек. Во Црна Гора во моментот се одвива и спор по повод изградбата на хидроцентрала ан реката Комарница. Еколошките задруженија ја истакнуваат важноста од зачувувањето ан животната средина, биодиверзитетот и кањонот Невидио. Тие поднеле жалба до Секретаријатот на Бернската конвенција, по повод издавањето на концесија за изградба на хидроцентралата.

dre1

Во Финска е затворена хидроцентрала која била оперативна, но за која е утврдено дека превагнува штетата врз животната средина наспроти производството на енергија. Отстранувањето на браната ќе овозможи лососост да дојде во своите мретилишта. Тоа е прва од трите хидроцентрали на реката Hiitolanjoki, кои треба да се отстранат до 2024 година.

dre3

Еколошките активисти потсетуваат дека враќањето на најмалку 25.000 километри реки во состојба на слободен тек, е означено како еден од клучните елементи на Стратегијата на Европската унија за биодиверзтет до 2030 година, која е дел од Европскиот зелен договор.

dre2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top