Насловна / Вести / Во „Дизниленд“ во Париз, се гради најголемата соларна настрешница во Европа

Во „Дизниленд“ во Париз, се гради најголемата соларна настрешница во Европа

„Дизниленд“ во Париз, гради соларна електрана од неверојатни 67.500 соларни панели. Досега се инсталирани 12.000, а планирано е соларната електрана да биде завршена до 2023 година, со што „Дизниленд“ во целост ќе го декарбонизира своето снабдување со енергија.  Како што се наведува во соопштението на овој тематски парк, изградбата на оваа соларна електрана е важен чекор кон енергетската транзиција и декарбонизација. Според плановите, на главниот паркинг за посетители ќе биде изградена една од најголемите соларни настрешници во Европа.

disney1

Соларната електрана ќе се простира на подрачје од 17 хектари и ќе покрива околу 9000 паркинг места. Бидејќи станува збор за огромна површина која ја зафаќа електраната, стручњаците проценуваат дека на годишно ниво ќе произведува 31 GWh електрична енергија, што одговара на потрошувачка на град со 14500 жители. Главната цел е намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) за 750 тони годишно.

disney2

„Дизниленд“ во Париз е првиот тематски парк во Европа во кој е изградена постројка за прочистување на употребената вода. Понатаму таа се користи кај фонтаните, за полевање, чистење и сл. Оваа компанија поставила јасни цели, до 2030 година да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, заштеда на вода, намалување на отпадот, користење на одржливи материјали и примена на одржлив дизајн. Крајната цел е подигање на еколошката свест на посетителите, а посебно едукација на децата за значењето на заштитата на животната средина. „Дизниленд“ во Париз е отворен во 1992 година, и досега го посетиле над 320 милиони посетители од целиот свет.

disney3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top