Насловна / Вести / Во центарот на Осло, цвеќе наместо паркинг

Во центарот на Осло, цвеќе наместо паркинг

Град без автомобили, е планот за Осло, кој Норвешка настојува да го реализира оваа година. Паркинзите ќе се претворат во цветни градини, а се планира и изградба на велосипедски патеки долги 60 километри. Се прогнозира дека до 2040 година, Осло ќе ј достигне бројката од еден милион жители, што значи дека ќе емитува повеќе јаглерод диоксид отколку што може да апсорбираат зелените површини. Затоа, градските власти, решле дека е вистински момент да реагираат на порастот на населението, и да влијаат на проблемот со растечкото загадување на воздухот. Имено, загадувањето на воздухот во Норвешка, пораснало за 28% во споредба со деведесеттите години. По низата мерки кои се донесени, од 2015 година забележан е пад на загадувањето од 3%. Планираната акција, за центар без автомобили, не наишла на одобрување кај сите жители, бидејќи тоа би значело дека ќе мораат да се паркираат во подалечните делови од градот. Затоа, властите се одлучиле на дополнително намалување на зоната без паркинзи. Забраната за автомобили во центарот, Осло ја најави уште во 2015 година, и оттогаш постепено го отежнува пристапот кон грдот со постојано укинување на бројотна паркинг места. До 2025, Норвешка планира забрана за автомобилите н фосилни горива во целата земја.

oslo

Oslo2

Oslo_3

Oslo_4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top