Насловна / Вести / Во Будимпешта новогодишните елки се користат за производство на енергија

Во Будимпешта новогодишните елки се користат за производство на енергија

Жителите на Будимпешта можат да ги фрлаат новогодишните елки на дури 250 специјално обележани локации, рамномерно распоредени низ градот или покрај контејнерите за отпад. Дрвјата не треба да се оставаат на тротоари, паркинзи и патишта, а исто така важно е да се отстранат сите украси и сталаци пред да се фрлат.

elki

На веб-страницата на градското претпријатие за депонирање на комунален отпад, посебно за Будим и Пешта, објавен е список на локации за депонирање на новогодишните елки, а сите се дополнително означени на картите на градските квартови.

Собраните дрвја се сечат, а потоа се транспортираат во фабриката на градската компанија BKM Budapesti Közművek Nonprofit Zrt каде се палат и се користат за добивање електрична енергија и топлина. Така, во Будимпешта, слично како и австриската престолнина, снабдувањето со топла вода, парно и струја е обезбедено за десетици илјади домаќинства.

elki1

Во Париз елките се собираат и рециклираат од 2008 година и се користат сецкани за подобрување на почвата и заштита на дрвјата и цветните леи во парковите, а на почетокот на минатата година на 170 депонии собрале 121.146 парчиња. Во Виена годинава се очекува да се соберат над 190 илјади елки, а со нивно палење ќе се произведе доволно електрична енергија за месечна потрошувачка на околу 1.400 домаќинства и топлинска енергија за греење на околу 2.700 домаќинства во истиот период. Покрај тоа, дел од собраните новогодишни елки се користи за да се нахрани стадо домородни австриски Пинцгауер кози на депонијата Раутенвег во Виена.

elki2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top