Насловна / Вести / Во Битола предавање: „Претварање на центарот на урбаните средини во пешачка зона“

Во Битола предавање: „Претварање на центарот на урбаните средини во пешачка зона“

Во амфитеатарот на Техничкиот факултет Битола во петок на 29.03.2024 година, со почеток во 12 часот, ќе се одржи предавање на проф. Јанез Кожељ од Словенија, на тема „Претварање на центарот на урбаните средини во пешачка зона“. Идејата на предавањето е да го пренесе неговото искуство од претварањето на центарот на Љубљана во пешачка зона.

Организатор на настанот е Ротари Клуб Битола, како дел од иницијативата за претварање на центарот на Битола во зона за пешаци.

1

Испрати коментар

Scroll To Top