Насловна / Вести / Во Белград е прогласено „Еколошко востание“

Во Белград е прогласено „Еколошко востание“

Повеќе илјади демонстранти се собраа во саботата во центарот на Белград, барајќи заштита на животната средина и јавното здравје. Настанот го организираше движењето „Одбранимо реке Старе планине“, а учествуваа претставници од десетици организации од Србија и од регионот, и се разбира бројни граѓани. Говорниците укажаа на штетата од работата на новите и планираните индустриски капацитети кои се закана за водотеците, почвата и воздухот.

ekoustanak1

ekoustanak2

 

Покрај тоа што „Рио Тинто“ истражува резерви на литиум кај Лозница и Ваљево, со најава за експлоатација, стартува и истражување во близината на Пожега“, изјави деканот на Шумарскиот факултет, проф. Ристиќ, на почетокот на протестот наречен „Еколошко востание“. „Во Лозница веќе има три трујачници: рудникот за олово и антимон, рудникот за антимон и рушевините на некогашната „Вискоза“ со илјадници кубици најопасни отрови заостанати после затворањето на тој комбинат за производство на целулоза. Згора на тоа сега се појавува и четврта трујачница – рудник на јадарит“, додаде професорот. „Рио Тинто“ таму ќе уништи стотици хектари шума, а околу 900 хектари земјиште ќе биде погодено од експлоатацијата на рудата. Од друга страна пак разни инвеститори минатата година ја објавија својата намера да исечат 40 хектари зеленило во Кошутњак и неколку хектари шума на Авала заради изградба на ски-патека. Дури и неписмениот господар на Србија Милош Обреновиќ своевремено ја забранил сечата на шумата на Авала. Денешниот инвеститторски урбанизам води кон урбана катаклизма“, заклучи професор Ристиќ. „Без вода, нема слобода, без земја нема храна, а без воздух нема живот“ рече Зоран Костиќ Цане, пејачот на Партибрејкерси. На „Еколошкото востание“ беше и Лејла Кустурица од „Коалицијата за заштита на реките на Босна и Херцеговинa. „Ние сме денес овде со Вас, бидејќи делиме исти проблеми – неправедна, арогантна власт, целосно занемарување на локалните заедници во корист на некои моќници и одземање на достоинството на обичниот човек“, вели Кустурица.

ekoustanak3

ekoustanak4

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top