Насловна / Арт и дизајн / Во Амстердам е отворена првата уметничка галерија на вештачка интелигенција

Во Амстердам е отворена првата уметничка галерија на вештачка интелигенција

Без разлика дали ве плаши или изненадува, факт е дека вештачката интелигенција (АИ) е тука за да остане.

Во Амстердам неодамна е отворена првата уметничка галерија во светот, во која изложените дела се создадени исклучиво со помош на вештачка интелигенција. Галеријата „Dead End“, која се наоѓа во близина на централниот амстердамски кварт De Valen, прикажува инвентивни креации на АИ машини и алгоритми од дигитални слики до интерактивни инсталации.

1 (1)

„Ние сме првата галерија во светот што изложува уметнички дела создадени од вештачка интелигенција“, рече Констант Бринкман од галеријата „Dead End“.

2 (1)

Тој објасни дека во првиот чекор од создавањето на изложбата, програмерите имале софтвер за креирање на некои измислени уметници. Тогаш овие вештачки уметници почнале да ги создаваат своите дела. Иако секој проект што го произведуваат е единствен, проектите не се беспрекорни. Некои дела прикажуваат луѓе со шест прсти, на пример, но Бринкман вели дека креаторите на вештачката интелигенција стануваат подобри со искуство, па нивниот занает ќе се подобри во наредните недели.

3 (1)

Оние кои сакаат да купат некое дело сега можеби ќе сакаат да размислат повторно, бидејќи проценетата цена која ја барал кустосот може да се движи помеѓу 3.000 и 10.000 евра.

4 (1)

Досега, реакциите на јавноста за уметноста на вештачката интелигенција се помешани. Некои се импресионирани од она што може да го постигне АИ, додека други не веруваат дека овие дела одразуваат вистинската уметност и дека АИ ги прекршува авторските права користејќи елементи од веќе постоечко дело.

Испрати коментар

Scroll To Top