Во 2025 година, Европа инсталирала 19,1GW нови капацитети за производство на енергија од ветер, од кои 15,1GW се во земјите членки на ЕУ. Ова се наведува во годишниот извештај на WindEurope. Капацитетите на копно имале удел од 90%. Инаку, Европа во 2025 година демонтирала ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 0,9GW, а пуштила во работа 2 GW нови ветерни електрани на местото на демонтираните. Германија имала удел од 30% во вкупниот капацитет на ниво на Европа.

Енергијата од ветер имала удел од 19% во потрошувачката на енергија во ЕУ, исто како и во 2024 година. Најголем инсталиран капацитет во ветерни електрани има Германија, а следуваат Шпанија и Велика Британија. Целокупнот шпански капацитет е на копно, додека 50% од британските постројки се на море. Заедно со Франција, Шведска и Турција, овие земји учествуваат со 67% од вкупниот капацитет на вакви постројки на Европа.
Во 2025 година, европа има приклучено на мрежа само 1,96 GW капацитет на ветерни електрани на море, што е најниска вредност од 2016 година. Во еден дел ова се должи на доцнењето во изградбата. Турција пуштила во погон 2,1 GW, заземајќи го второто место како земја по вредноста на нови капацитети на копно. WindEurope прогнозира дека Турција ќе изгради 10,9GW капацитет на ветерни електрани на копно до 2030 година, со што вкупната моќност ќе достигне огромни 26,3GW. Литванија исто така значително го има зголемено својот инсталиран капацитет, односно за 43%. Данска останува лидер по уделот на ветерна енергија во потрошувачката на електрична енергија – 50%. Потоа следуваат Литванија и Ирска.
Што се однесува до нашиот регион, Грција е на врвот на листата со 21% удел на ветерната енергија во вкупната потрошувачка, а следува Хрватска со 17%.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија