Насловна / Арт и дизајн / Колекцијата Silva ја слави убавината на дрвото

Колекцијата Silva ја слави убавината на дрвото

Американското студио Union Design и брендот KFI Studios внесоа карактеристичен пресврт во класичниот мебел од виткано дрво во оваа колекција столици и маси.

Union Design и брендот KFI Studios имаа за цел да ја комбинираат безвременската изработка со модерен и достапен дизајн во колекцијата Silva, користејќи заоблени ногарки, закосени рабови и суптилна сатенска завршница за да ја прослават убавината на природното буково дрво.

Колекцијата опфаќа столица за гости, лежалка, столче и маси со различни висини, при што задната ногарка свиткана со пареа служи како препознатлив централен гест.

Создава елегантна кривина од подот до потпирачот за глава преку дизајните на седиштата, а е особено изразена кај малку навалената лежалка, за која брендот вели дека ги поместува границите на она што е можно со техниката на свиткување.

„Silva е дизајнирана да ја слави убавината на дрвото, а воедно да создаде форми кои делуваат достапно и природно“, вели основачот на Union Designa, Jeff Theesfeld.

„Секоја кривина, раб и контура внимателно се разгледани за да се истакне материјалот, да се создаде удобност и да се понуди чувство на едноставност.“

Дизајнирана имајќи ги предвид работните места и угостителските простори, колекцијата Silva е достапна со опционален тапацир на седиштата. Доѓа во седум завршни обработки на дрво.

Испрати коментар

Scroll To Top