Насловна / Вести / „Владо Кантарџиев“ и „Владо Тасевски“ – најбезбедни и најчисти училишта во Македонија

„Владо Кантарџиев“ и „Владо Тасевски“ – најбезбедни и најчисти училишта во Македонија

najcisti skoli

Во конкуренција на 18 основни училишта за најбезбедни и најчисти училишта во Македонија, избрани се ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, ОУ „Климент Охридски“ од Драчево, а на трето место е ООУ „Климент Охридски“ од општина Македонски Брод.

Овие три училишта се првите три рангирани на јавниот повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“ чијашто цел е зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, а повикот го организираа Образование и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта.

Во категоријата на средни училишта пристигнале шест апликации, меѓу кои за најбезбедни и најчисти училишта се избрани СУГС „Владо Тасевски“ и СУГС „Никола Карев“, двете од Скопје.

За избраните училишта ќе следуваат соодветни награди, обезбедени од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top