Насловна / Вести / Табановце и Ќафасан ќе се надградуваат и модернизираат

Табановце и Ќафасан ќе се надградуваат и модернизираат

kafasan tabanovce

Граничните премини кон Србија и Албанија ќе се надградуваат и модернизираат. Царинската управа избра консултантска фирма која до крајот на годината треба да изготви градежно-техничка документација за надградба на објектите на граничните премини Табановце и Ќафасан. Во план е постојниот терминал за увоз и извоз на стока на граничниот премин Табановце да се прошири за дополнителни 4.000 квадратни метри и да се изградат нови придружни објекти, додека на преминот Ќафасан, пак, на површина од 9.500 квадрати ќе се гради нов увозно-извозен царински терминал со пристапни патишта, ќе се градат нови објекти за царинење и за други инспекциски органи, а постојните објекти ќе бидат реконструирани.

За реализација на двата проекти се обезбедени средства од ИПА фондовите. За проектот за граничниот премин Табановци 1,9 милиони евра, додека за граничниот премин Ќафасан 1,5 милиони евра.

„Со овие проекти, кои се дел од програмата на Владата за периодот 2014-2018 година, ќе се олесни стоковата размена, особено на фреквентните гранични премини, а истовремено ќе се забрза транспортот долж пан-европските коридори 8 и 10“, се вели со соопштението од Царинската управа.

Испрати коментар

Scroll To Top