Насловна / Архитектура / Вкопана бетонска куќа која ја преиспитува границата меѓу архитектурата и пејзажот

Вкопана бетонска куќа која ја преиспитува границата меѓу архитектурата и пејзажот

Сместена во португалското село Алмасинја, објектот наречен Raw Concrete House е делумно закопана во падина, додека поголемиот дел е отворен за околниот пејзаж.

Архитектонското биро Utopia наведува дека куќата ја проектирале како „постоечка карпа прекриена со вегетација“ и додаваат: „Потоа го вајавме овој камен, ископувајќи простори и сечејќи прозорци“.

6

„На овој начин куќата изгледа камуфлирано во својот пејзаж со трите отворени фасади, додека влезниот дел со дворот е вкопан“ – објаснуваат архитектите од Порто.

1

ВЛЕЗНА ЗОНА ВО ИСКОПАН ДВОР

Во поглед на архитектонската организација, може да се забележи дека влезниот простор е поставен во ископан северен двор, свртен кон улицата, изјавија за ArchDaily од бирото Utopia.

На источната фасада се гледа влезот за автомобили, додека сите соби се насочени кон јужниот и западниот пејзаж и ги поврзува континуиран трем.

8

10

Дневната соба и кујната се наоѓаат на аголот на оваа „карпа“ со поглед на долината. Помошните простори, како што се пералната и бањите, добиваат природна светлина преку отворите на таванот.

Во текот на целиот проект, архитектите биле фокусирани на екологијата, бидејќи, според нивните зборови, грижата за животната средина е фундаментална.

Половина од целата фасада е во контакт со земја, што во комбинација со вегетативната кровна покривка во голема мера ја зголемува топлинската инерција на куќата.

7

Овој пасивен систем се заснова на засенчување во текот на летото и искористување на зрачењето во текот на зимата.

„Борбата против климатските промени ја сфаќаме сериозно и за нас архитектурата мора да биде одржлива и енергетски ефикасна“, велат од  Utopia.

9

ДУПЛИ ЅИДОВИ СО ВОЗДУШНА И ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА

Конструкцијата и главната завршна обработка на објектот се изведени од армиран бетон, што е во согласност со посакуваниот концепт на карпа.

Целата фасада и внатрешната подна обработка изведени се од бетон, додека плафоните и ѕидовите завршно се обработени во бела боја.

14

За да биде куќата подобро изолирана, по целиот периметар се изградени дупли ѕидови со воздушна и топлинска изолација, што значително придонесува за термичката ефикасност на објектот.

12

13

„Во секој проект сакаме да ги преиспитуваме концептите и да ги туркаме до крајни граници. Во овој проект сакавме да ја доведеме во прашање границата помеѓу архитектурата и пејзажот и да ја направиме апсолутно разводнета“ – објаснуваат архитектите.

11

„Паралелно, конструктивните одлуки се неразделни од концептот. Исто така, и еколошката одржливост е неразделна од концептот. Накратко, во овој мал и едноставен проект, архитектурата и пејзажот, концептот и конструкцијата, екологијата и економијата се спојуваат и стануваат апсолутно неразделни“, велат на крајот од Utopia.

16

15 2 3 4

Испрати коментар

Scroll To Top