Насловна / Арт и дизајн / Vivopot – саксија која воедно е и интересно осветлување

Vivopot – саксија која воедно е и интересно осветлување

Запознајте ја Vivopot – самонаводнувачка саксија која воедно е и прекрасно осветлување за вашиот дом, дело на дизајнерот Ivan Zhurba.

1 (1)

Саксија – светилка која  си е доволна сама себе: вака во најкусо би можел да се опише овој интересен изум. Идеален за сите оние кои сакаат да имаат малку зеленило во својот дом и во исто време не се сосема подготвени да им го дадат на своите растенија заслуженото внимание. Без разлика дали сте љубители на цвеќиња или едноставно сакате да засадите некои билки, Vivopot ви овозможува да го комбинирате убавото и корисното без мака.

2 (1)

Капак прилагодлив по висина се наоѓа на врвот на саксијата и поддржува совршена количина COB LED диоди кои верно ја имитираат сончевата светлина, давајќи пријатно светло на масата и покривајќи ги сите потреби на вашите растенија да растат здраво на речиси автономен начин. Под растението има естетско светло кое воедно ќе ви помогне да ги покажете своите омилените цвеќиња и да обезбедите мека ноќна светлина.

4 (1)

Иако дефинитивно има растенија кои бараат многу малку одржување (како што се моментално мегапопуларните сукуленти), на повеќето мали растенија што би сакале да ги одгледувате во затворен простор им треба повеќе од само наводнување секој ден. На растението му треба и сончева светлина, која можеби не е достапна цело време или на сите места во вашаиот дом. Vivopot успешно го решава тој проблем.

5 (1)

Кога е целосно затворена, односно кога не се користи, оваа паметна саксија наликува на јајце, што е соодветна метафора за почетокот на животот. Заоблените жлебови се вртат околу телото на саксијата за да му дадат на дизајнот динамичен изглед кој се трансформира во украсно парче што се наоѓа на вашето биро или полица.

3 (1)

Сè на сè, Vivopot е прилично едноставна идеја која ги комбинира градинарството и осветлувањето на интересен начин. Дизајнот на оваа паметна саксија е освежувачки како и зеленилото што расте во неа.

01

Испрати коментар

Scroll To Top