Насловна / Вести / „Вива“ Лас Вегас: CHANEL отвори нов бутик во хотелот The Winn

„Вива“ Лас Вегас: CHANEL отвори нов бутик во хотелот The Winn

CHANEL отвори нов бутик во хотелот The Winn во Лас Вегас и дефинитивно ќе биде мека за љубителите на овој бренд.

2_resize

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го претстави најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи избор на часовници и фин накит, како и колекции козметика.

1_resize

4_resize

Бутикот е дизајниран од долгогодишен соработник на брендот CHANEL, њујоршки архитект Питер Марино. Фасадата е изработена од елегантни црно-бели камени панели, со метални златни акценти кои го одразуваат сјајот на Лас Вегас, додека мајсторски ги реинтерпретираат кодовите на куќата. Внатре, просторот се состои од низа простории со богат амбиент кој се потпира на легендарниот париски стан на Габриел Бонер Коко Шанел на улицата Камбон 31.

6_resize

8_resize

Клиентите се поканети да влезат во бутикот преку еден од трите влеза. Потоа, тие ќе бидат „транспортирани“ во два раскошни салони Ready-to-Wear кои се наоѓаат покрај главниот влез, а кои се нагласени со златни листови и ѕидови од смола кои го осветлуваат разновидниот асортиман на модерни колекции на Виржин Виар. Каучи во прилагодени беж и црни металик тапацири и старинско осветлување го подобруваат чувството на топлина во бутикот.

3_resize

Долгогодишното восхитување од уметноста на Коко Шанел е видливо низ целиот простор, кој е нагласен со изборот на уметнички дела одбрани од Питер Марино.

Два кристални и златни лустери од компанијата Goossens – инспирирани се од бронзените и кристалните парчиња осветлување пронајдени во станот на Габриел Шанел. Во задниот дел на салонот, ѕид од бели набрани панели со златен вез води до двојна француска врата која се отвора и открива приватна тераса со поглед на Lake of Dreams и водопадите Wynn.

Бутикот ќе дебитира со колекција есен – зима 2021/22, дизајнирана од уметничкиот директор Виржин Виар.

5_resize

7_resize

9_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top