Насловна / Вести / Vittoria Paggini – „порно-шик“ преуредување на својот дом за неделата на дизајнот во Милано

Vittoria Paggini – „порно-шик“ преуредување на својот дом за неделата на дизајнот во Милано

Дизајнерката Maria Vittoria Paggini употреби шарени тапети и мурали кои прикажуваат голи тела скриени зад шпиунки за да го трансформира својот дом за неделата на дизајнот во Милано.

Сместена во дизајнерската област 5vie во срцето на градот, Casa Ornella секоја година се редизајнира од Vittoria Paggini која го претставува проектот за време на неделата на дизајнот во Милано.

Оваа година имотот – кој е делумно и уметничка галерија, беше тематски „порно-шик“.

„Casa Ornella е максималистичка куќа“, вели дизајнерката: „Porno-chic произлегува од силната потреба за повторно откривање и самосвест. За да го постигнам ова, почувствував потреба да се разголам и решив да ја искористам метафората на голото тело, туркајќи го до крајност за да го направам невидливо за очите“, изјави таа за Dezeen.

„Одејќи понатаму од тоа, порно-шикот има за цел да биде стил на ‘повторно раѓање’, препознавање на себеси низ домот или кое било место во кое се живее“.

Ентериерите претставуваат простор за живеење кој се карактеризира со впечатливите тапети на уметникот Tatiana Brodatch. Огромни дамки и пруги во розови и виолетови нијанси ја формираат позадината за слики на голи машки скулптури, без лица, кои се допираат.

Завршени во препознатлив пластелин на Brodatch, фигурите изгледаат како да летаат низ вселената.

Две арт-деко фотелји во форма на сепаре, со обвивка од дрво, поставени се веднаш до овој ѕид, како и проѕирна маса дизајнирана од Vittoria Paggini, на која се наоѓаат свеќници од мермер и мурано стакло од Aina Kari.

Посетителите можеа да ги видат тапетите на Brodatch преку кружна во еден од ходниците, што придонесува за „сензуалната“ атмосфера во домот, според дизајнерката.

На друго место, кафеави завеси илустрирани со голи женски тела и мала, но сугестивна фигуративна скулптура која седи на сребрен послужавник се рефлектират во набабрено златно огледало.

Едниот ходник се карактеризира со голем мурал на подот на гола жена, креиран како збир на апстрактни кафени и розови форми.

Единствената просторија која не беше отворена за јавноста е спалната соба, која е украсена со графички мурал на голи мажи од подот до таванот, опкружени со декадентна архитектура, под влијание на сликите од 13 век.

 

Посетителите можеа да го видат муралот во спалната соба, кој е изработен од миланскиот илустратор Damiano Groppi, преку друга шпионка.

Зашеќерените розови ѕидови, пругастите и шаховските детали и повеќе огледални површини низ домот придонесуваа за неговиот максималистички дизајн.

Casa Ornella вклучуваше уште два производи дизајнирани од Vittoria Paggini, а кои дебитираа за време на неделата на дизајнот и земаа трагови од „светот на накитот“.

Станува збор за златни славини создадени за миланскиот бренд Manoli – сместени над мијалникот Gio Ponti во бањата – и елегантни прекинувачи за светло дизајнирани за Officine Morelli.

Според зборовите на Vittorije Paggini, овие парчиња се „она што е најкарактеристично за порно-шик стилот“.

„Тие служат за две различни функции, но имаат ист јазик кој има за цел да ја пренесе сензуалноста и безвременската елеганција“.

Испрати коментар

Scroll To Top