Насловна / Архитектура / Вистински калифорниски пример на уникатен архитектонски луксуз

Вистински калифорниски пример на уникатен архитектонски луксуз

Ништо подобро не го доловува луксузниот начин на живот во калифорниски стил како што е вилата вредна од 14 милиони долари на брегот на Пацификот.луксуз калифорнија (1)

Вилата која има поглед што се протега на крошните на палмите и пространството на Тихиот Океан, има 740 квадратни метри и е вистински пример на уникатен луксуз на Калифорнија.

Зад проектот стојат Дарил Олесински и Мартин Линден од дизајнерското студио 0 + L, кои на најдобар можен начин ги вклопиле современите стилови врз основа на концептите за широчина, отворен простор и големи стаклени површини. Куќата се состои од шест спални соби и седум бањи, како и импресивен влезен, висок пет метри.луксуз калифорнија (2)

Ентериерот е украсен со природни материјали, а подните површина се покриени со исклучителни американски видови на орев и кедар. Со најголемата спална соба доаѓаат две купатила, посебен дел со вграден камин, вграден плакар со големи димензии и посебна тераса.луксуз калифорнија (3)

Освен петте спални соби, куќата има приватно кино со најнова технологија, винарска визба, сауна и канцеларија.луксуз калифорнија (4)

Во дворот, кој е на ниво на најлуксузните хотели, може да се ужива во базен, џакузи, скара или во елегантна седечка гарнитура поставена во просторот кој им гарантира на сопствениците и нивните гости незаборавни моменти и забава.луксуз калифорнија (5)

Квалитетот на употребените материјали и нивото на луксуз што се забележува во секој детал од куќата, според познавачите, ја оправдува цената која достигнува 14 милиони долари.луксуз калифорнија (6) луксуз калифорнија (7) луксуз калифорнија (8) луксуз калифорнија (9) луксуз калифорнија (10) луксуз калифорнија (11) луксуз калифорнија (12)

Испрати коментар

Scroll To Top