Насловна / Архитектура / Висечка градина во урбаното ткиво на Милано (видео)

Висечка градина во урбаното ткиво на Милано (видео)

Претставен е идеен проект за формирање на издигната градина која би претставувала централна точка на кружниот тек во самото срце на Милано.

1
Италијанската архитектонска фирма LADi Hypnos го потпишува проектот Sovraparco, кој претставува предлог за регенерација на прометната градска четврт Piazzale Loreto. Според претставениот концепт постоечкиот кружен тек би поминал низ драстичен процес на трансформација, како би се создал нов озеленет простор во самиот центра на градот, кои на жителите на Милано би им пружил ново место за дружење и опуштање.

2
Со проектот Sovraparco просторот се дефинира низ две целини, односно отворен простор во приземје и издигната скалеста градина. Приземниот дел би претставувал и важна врска со градското метро, а во оваа зона би се наоѓале и кафе барови и продавници, како и јавни тоалети, пишува Designboom.

4

5
Конкавната форма на издигнатиот дел овозможува создавање на зелено засолниште во самиот центар на забрзаниот град, заштитено од сообраќај, бука и загадување. Пристапот до градината би се организирал преку лифтови и скали, а во средина, стрелата на конкавната кривина би бил отворен до просторот под плоштадот.

6
Поздрав град
Ова би бил простор во кој во самиот центар на градот може во мир да се чита книга, да се дружи и да се организираат помали случувања и забави.
Проектот Sovraparco би требало да стане нов орјентир во Милано, а истовремено да придонесе на зазеленувањето и поздрав живот во градот.

7

Испрати коментар

Scroll To Top