Насловна / Архитектура / Вилата Е во Орхус на C.F. Møller Architects

Вилата Е во Орхус на C.F. Møller Architects

Вилата во северниот дел на Орхус, Данска на C.F. Møller Architects изработена е од ексклузивни, квалитетни материјали, со единствено ниво на детали и наговестува иконична архитектура. Вилата Е се наоѓа во кварт на мали, индивидуални куќи. Концептот, материјалите и нивото на детали се инспирирани од култниот Универзитет во Орхус, кој исто така е проект на C.F. Møller Architects, а денес е архитектонски канон.

6

Структурата на објектот се состои од четири едноставни двоводни куќи, кои заедно ја формираат рамката на оваа семејна куќа. Главниот архитектонски пристап се одвива во поголема главна куќа, која е „подигната“ над три помали куќи на две нивоа.

5

Куќата го следи косиот терен на парцелата; протапната патека води надолу под куќата до интегрираната гаража и подрум. Карактеристично и убаво дизајнирани скали од тули води до влезот. Тука се отвора во главната просторија на куќата, голема семејна соба со висок и елегантно закривен плафон, завршен со голем прозорец паралелен со кровот кој овозможува фантастична светлина.

9

10

Од оваа просторија што го спојува семејството, има директен пристап до четири соби за деца и млади, како и голем прозорец и пристап до градината. Кујната е делумно вградена во јадро од тули кое минува низ целата куќа и заедно со прозорецот од спротивната страна, ги формираат скулпторските елементи во овој централен простор.

18

1

Скалите низ кујната овозможуваат пристап до уште една дневната соба, која се наоѓа на ниво на градина. Дневната соба има закосен плафон обложен со лајсни, кои продолжуваат под покривот на терасата и создаваат покриен простор за живеење. Од оваа дневната соба има директен пристап до родителската спална соба со гардеробер и бања.

11

Движејќи се надоле по скалите, се пристигнува на пониското ниво на куќата со просторија за хоби, просторија за растенија, помошна просторија и гаража.

Применетите материјали се едноставни, издржливи и добро избрани. Изразот на куќата го носат три основни материјали: тула, даб и природен камен. Рустични рачно насликани цигли во црвени нијанси се користат на фасада и кров, комбинирани со површини од камен. Даб има и надвор и внатре.

2

Надвор, се користи како рамки за градинарските шупи и порти. Внатре, дабот дава топол сјај на атмосферата во куќата, повторно се појавува на прозорските даски, врати, вградените елементи, обложените плафони и подови, а внатре се и висококвалитетни детали од столаријата. Светлиот природен камен кој се користи во трите бањи во куќата обезбедува елегантен и безвременски изглед.

Куќата е изградена според Dansk Energiklasse 2020.

13

14

4

15

16

17

19

Испрати коментар

Scroll To Top