Насловна / Архитектура / Вила Парус во Котор

Вила Парус во Котор

Архитектонското биро од Котор, „Енформа“ стои позади проектот на објектот Вила Парус, изградена во которксата населба Столив.

Делото на авторскиот тим Никола Новаковиќ и Радован Радоман, претставува современ архитектонски одговор на медитеранскиот стил, но и симболичен стремеж да се плови во прогресивен правец.

2

Мала парцела на стрм терен

Како што вели Никола Новаковиќ, главното барање на клиентот на оваа прилично неблагодарна локација било да се добие функционална вила со модерен изглед, со можност секоја соба да има поглед на море.

4

За авторите, додава тој, голем предизвик била самата локација која има неверојатно мали 170 квадратни метри за вила и тоа на прилично стрмна падина.

„Во ваква констелација, успеавме да добиеме објект која има гаража за два автомобила, теретана, технички простории во сутеренот, потоа дневна зона во приземје и три спални соби, од кои едната е мастер спална соба“, вели Новаковиќ.

3

Покрај внатрешните простории, објектот добил и голема тераса со поглед на море и градина на последниот кат покриена со пергола, кои се две прилично експлоатирани целини во користењето на овој објект.

6

0

Самата парцела е минимална, стрмна и многу тесна, со самото тоа е изложена на погледите на соседната зграда. Тоа влијаело на самиот архитектонски израз, поточно создавањето на бел плашт – едро, кое формира визуелна мембрана од бочните страни и ја дефинира силуетата на објектот, додека предната страна е целосно отворена кон морето.

8

„Самиот гест на создавање едро го произведе логичното име на овој објект – Парус, што на руски јазик значи едро“, објаснуваат архитектите од „Енформа“.

При проектирањето особено се внимавало да се почитуваат градежните практики на крајбрежниот простор и природната средина. Затоа, материјализацијата е едноставна, а функционалноста е во преден план.

5

Приземјето симулира традиционален камен ѕид, додека катовите се покриени со чисти, модерни материјали.

Контрастот во начинот на кој се третираат овие различни области го дефинира визуелното и функционалното разграничување на целокупната структура.

00

Извонреден и непречен поглед

Урбанистичката рамка, како и минималната површина на парцелата, го раководеле создавањето на минималистичка архитектура, без сувишни детали.

Една од основните задачи во проектирањето била да се создаде интимност, односно отстапување од соседните структури, што е иницирано со белата обвивка, притоа создавајќи извонреден и непречен поглед на морето и природната средина.

7

9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top