Насловна / Архитектура / Викендица проектирана како распоред на геометриски форми

Викендица проектирана како распоред на геометриски форми

На грчкиот остров Санторини, на периферијата на селото Финикија, локалното студио Kapsimalis Architects создаде објект со симболично име Monolithus, кој е проектиран како распоред на геометриски форми обложени со земјен цемент.

kuka

Проектот на оваа викендичка со четири спални соби се заснова на концептот на големо парче вулканска карпа, која еродирала низ вековите, создавајќи различни простори.

Добиениот монолит, направен од човечка рака, всушност е бетонски блок со димензии 20 на 20 метри, кој е пресечен со аголна поставеност на дворот и терасите засенчени со високи ѕидови.

kuka1

“Вештачки масивен камен изгледа како да е таму од самиот почеток, како дел од вулканска ерупција, обликувана од елементи на природата, морето и ветерот. Природната ерозија влијае на цврстите масовни формации, а постепениот процес на отстранување на каменот создава затворени и отворени простори за живеење“, го опишаа грчките архитекти нивниот проект за Dezeen.

kuka2

Сместени во квадратна форма, две гостински соби со мини кујна, заедно со примарната резиденција, заедно формираат локација во форма на V, која се отвора кон север, при што секој простор е поврзан со приватни тераси што завршуваат во мали посебни базени.

Перфорираните метални настрешници, поддржани од челични столбови, ги засенуваат местата за седење организирани околу базените, додека кружниот простор за седење – кој е целосно отворен – е во непосредна близина и на малку пониско ниво.

Главната дневна и трпезарија се организирани на запад и се опкружени со поголема тераса која се поврзува со предниот дел на куќата, од каде што скалите водат понатаму во подземната дополнителна дневна соба.

kuka3

Над овој простор, „еродираната“ форма содржи дополнителна спална соба со засводен покрив, која е поврзана со подигната тераса со прекрасен поглед на околниот пејсаж.

Внатрешноста на зградата е проектирана така што во неа се чувствувате заштитени како да сте во пештера, за што придонесуваат засводените елементи кои делуваат како да се издлабени од монолитна карпа.

kuka4

За специфичната атмосфера дополнително придонесуваат и парчиња рачно изработен мебел од бетон, камен, мермер, дрво, железо, глина и стакло.

“Во текот на летниот период, кога сончевата светлина ги заслепува, гостите можат да се разладат во мали базени сместени на работ на монолитот, опкружени со диви медитерански растенија“, велат авторите.

kuka5

Kapsimalis Architects има проектирано многу викендици на Санторини, чиј дизајн често се заснова на традиционалната архитектура и природните елементи на грчкиот пејзаж.

kuka6

kuka7

Испрати коментар

Scroll To Top