Насловна / Екологија / Виена произведува енергија од отпадните води

Виена произведува енергија од отпадните води

Luftbild_ebswien_hauptklaeranlage_01
Виена е на прво место во светот по начинот на третирање на отпадните води, и светска метропола со највисок квалитет на живот. Податоците покажуваат дека еден жител на Виена дневно „произведува“ 130 литри отпадна вода. Во споредба со другите градови, Виена има највисоки оценки според повеќе еколошки критериуми, меѓу кои се квалитетот и достапноста на водата и пречистувањето на отпадните води. Со пречистување на отпадните води од градот се занимава компанијата „Ebswien“, но тоа не е нејзината единствена дејност. Со таложење дневно се добива 17 тони цврст отпад, од кој се произведува топлинска енергија која се испорачува во системот за далечинско греење на градот. Компанијата е во целосна сопственост на градот и има 160 вработени.

Испрати коментар

Scroll To Top