Насловна / Вести / Виена најави милијарда евра за нови станови

Виена најави милијарда евра за нови станови

Австриската влада планира да потроши една милијарда евра за зајакнување на забавениот станбен сектор во земјата, објавија канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Коглер.

Парите на австриските даночни обврзници треба да се инвестираат во изградба на десет илјади домови во сопственост и исто толку станови за изнајмување, како и во реновирање на пет илјади постоечки станови, велат.

њ1

Дополнително, владејачката коалиција на Конзервативната австриска народна партија (ÖVP) на Нехамер и Зелените на Коглер настојуваат на австриските сојузни држави да им обезбедат пари за ниски каматни стапки на станбените кредити.

Во меѓувреме, давачките што доаѓаат со купување на куќа, на пример за упис во земјишниот регистар, се укинуваат за првата недвижност до вредност од 500 илјади евра.

њ

Мерките ќе се применуваат во наредните две и пол до три години.

Според податоците на Австрискиот институт за економски истражувања (Wifo), инвестициите во градежништвото паднале на годишно ниво во третиот квартал од 2023 година за 5,2 отсто. Станбената изградба била особено слаба, објави институтот.

Испрати коментар

Scroll To Top