Насловна / Вести / Виена е најпаметниот град на светот

Виена е најпаметниот град на светот

Главниот град на Австрија, не само што е девет години по ред град со најдобар квалитет на животот, туку согласно Smart City Strategy Index и „најпаметен“ град на светот.  Поимот smart city или „паметен град“ опфаќа многу елементи кои придонесуваат за подобрување на  жиотниот простор, почнувајќи од јавниот градски превоз, па до училиштата, јавните институции и сл. Тежиштето лежи во технолошките, економските и општествените иновации. Согласно испитувањето кое е споведено од страна на  Roland Berger Strategy Consultants со седиште о Германија, Град Виена со својата стратегија е најпаметен град на светот и во 2018 година, односно втора година по ред. На второ место се наоѓа Лондон, а на трето место канадскиот Сент Алберт. Со Студијата се опфатени 153 градови кои имаат усвоена стратегија за паметен град, а во предвид се земени аспекти како јавната управа, здравствениот систем, образованието, енергетиката и екологијата, мобилноста и др. Град Виена веќе со години развива иновативни решенија во областа на енергетиката, инфраструктурата и мобилноста. Еден од најголемите проекти од таков вид е изградбата на новиот кварт Асперн, кој овозможува урбан живот во контакт со природата, со максимална заштеда на енергија и простор.

smarest1

smartest2

smartest3

smartest4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top