Насловна / Вести / Ветерниците може да станат интерактивни јавни уметности

Ветерниците може да станат интерактивни јавни уметности

Со цел понатамошно развивање на електрани на ветер, проектот Windwords предлага нов дизајн за ветерните фарми, така што корисниците ќе можат да ги контролираат преку мобилна апликација.

Иако произведуваат зелена енергија, фармите со ветерници имаат свои неповолни страни, како што се зафаќање голема површина, но исто така и нарушување на патеката за летање за птиците.

veternici

За да излезе во пресрет на заедницата NIMBY која се спротивставува на градењето на фарми со ветерници, меѓународниот дизајнерски колектив Prototype 2030 претстави предлог да им се даде на ветерниците двојна функција, покрај тоа што ќе произведуваат чиста енергија, тие да станат интерактивна јавна уметност. Тие веруваат дека „патот кон универзално прифаќање на фармите со ветерници започнува со дизајн фокусиран на нивната околина“.

Имено, проектот Windwords предлага, меѓу другото, и „претворање“ на турбините во гигантски букви, со што се создаваат обележја на просторот, како и атрактивни зони за туристите.

veternici1

“Нашата идеја не е да ја претвориме секоја турбина во голема буква. Секоја локација, како и заедницата, е различна и има различни потреби и можности. Големите розови зборови нема да бидат решенија секој пат. Ветерните фарми треба да бидат дизајнирани така што ќе им значат нешто на локалните жители“, објаснуваат дизајнерите на Prototype 2030, пишува Inhabitat.

Со цел дополнително да се зајакне проектот и да се поврзе со граѓаните, дизајнерите предлагаат на локалното население да им се овозможи да бидат активни учесници преку апликацијата преку која ќе можат да ги контролираат ветерници.

veternici2

Испрати коментар

Scroll To Top